Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање

park-zelenilo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на Зелен институт, денеска во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање.

На дебатата се поканети градоначалничката на Градот Скопје, претседателот и членовите на Советот на Градот Скопје, претставници на градските служби и на ЈП „Паркови и зеленило“, општините во Градот Скопје, комисиите за урбанистичко планирање формирани од општините и Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, граѓанските здруженија: Зелен хуман град, О2 Иницијатива, Здравје пред профит, Зелените од Гази Баба, За спас на Влае, За расадник на можности, Пржино, Во одбрана на Буњаковец и др., Комората на овластени инженери и архитекти, Асоцијацијата на архитекти, изработувачи на убанистички планови и други засегнати страни и граѓани.


Дебата е дел од проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“ што се спроведува во соработка со Градот Скопје и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, во партнерство со граѓанските организации Флорозон и Македонско женско лоби. Целта на проектот е да се подобри состојбата со зеленилото во градот преку законски измени и други интервенции, а со тоа и да се спречи појавата на топлински острови, да се намали загадувањето со стакленички гасови и да се подобри квалитетот на живот во Градот Скопје. Сите засегнати страни ќе учествуваат во законските реформи со цел заштита на зеленилото и климата. Експертски тимови од сферата на урбанизмот, шумарството и правото ги анализираа и истражуваа меѓусебната ускладеност и функционалност на законите за урбано зеленило, урбанистичко планирање и градење, како и соодветните правилници, урбанистичките планови со чии пропусти му се наштетило на зеленилото, состојбата со недовршениот и заборавен зелен катастар и согледувањата на жените и мажите за нивната потреба од јавно зеленило, достапноста на зеленилото до домовите и влијание врз нивното физичко и ментално здравје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK