Резултатот од министерувањето на Филипче е хациендата на Водно, луксузно Ауди Q8 и ограбената државна каса, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
„Во еден мандат како министер Филипче успеа енормно да го зголеми својот имот. Додека тој беше министер таткото на неговата сопруга изгради хациенда на Водно, а откако му заврши мандатот тој почна да вози луксузно Ауди Q8, кое патем сеуште го нема впишано во анкетниот лист.
Од каде пари за хациендата која вреди 1 милион евра и со кои пари е купено луксузното Ауди? Дали можеби Филипче ќе ни каже евтини изговори дека хациендата е на таткото на неговата сопруга, а Аудито му е дадено за возење?
Дали овој имот на Филипче некако се доведува во врска со милионските тендери и милионите испумпани во негово време?
Во време на Филипче немаше милионски тендер кој не беше обвиткан во скандали.
Венко Филипче точно знае во се што бил вмешан, затоа и отиде за претседател на СДС, за да може да се крие зад политичката позиција и да се вади на политички притисок кога ќе биде гонет.
Филипче нема да побегнеш, ниту пак функцијата во СДС ќе те спаси“, рече Јаревски.