Јанушев: На Спасовски како да не му се слуша и не сака да одговори, затоа пак ќе го прашам – дали има Правилник (или друг правен акт) за постапката при пријава за исчезнато лице?

Јанушев-На-Спасовски-како-да-не-му-се-слуша-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„На Спасовски како да не му се слуша и не сака да одговори, затоа еве пак ќе го прашам – дали има Правилник (или друг правен акт) за постапката при пријава за исчезнато лице? Не е тешко прашањето – или има или не!“, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на социјалните мрежи.


„Законот (за полиција) упатува на изготвување и донесување на таков подзаконски акт, затоа нека одговори Спасовски кој и кога го изготвил, одобрил и донел тој акт (правилник) и како е предвидено да се постапува согласно истиот?

Дали надлежните во МВР при пријава за исчезнато лице постапуваат по однапред дефинирани правила и процедури или е оставено на „слободната процена/видување“ на службеното лице кое ја прима пријавата? Спасовски, чекаме одговор?“, вели Јанушев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK