Јаневска: Состојбата со снабденоста со учебници е одлична, ако директорите не си ја завршиле работата ќе им биде нагласено дека згрешиле

Screenshot-2024-09-05-144549.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, состојбата со снабдување со учебниците во државата во основните и средните училишта е одлична.



Ние сме објавиле, појасни денеска Јаневска, за кои предмети треба или не треба.

„За изборните предмети, деловите од новата концепција кои ние како нова Влада ги прифаќаме, вели дека не треба да има учебници, туку учениците преку интерактивна работа меѓусебе и со наставниците ќе ги стекнуваат знаењата. За информатика како изборен предмет не треба да има“, прецизира министерката.

Вишок на испечатени учебници има по предметот географија за 6-то одделение, вели Јаневска.

„Ако директорот не порачал учебници, прашањето треба нему да му го поставите. Ако директорите не си ја завршиле работата, не е одговорност на министерството. Ќе направиме посебни напори од тие вишок на книги, по процедура, да обезбедиме учебник таму каде што нема. Ќе им биде нагласено дека згрешиле“, нагласи таа.

Околу цената за работните тетратки по 5-то одделение, Јаневска вели дека Владата е само два месеци на власт и се што можеше да се направи, веќе е направено.

„Се е предвидено со Буџетот за следната година. Сите олеснувања за учениците и родителите се во правец да му помогнеме на целото население“, рече јаневска одговарајќи на новинарски прашања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK