„За жал се уште не се надмина проблемот со загревањето на училиштата во Карпош“, посочи министерката за образование Весна Јаневска.
„Јас очекувам овие денови да имам состанок со градоначалникот, жал ми е што треба да соопштам дека искористени се ротациите, оваа година сопштина Карпош со ребалансот добила 18 милиони денари повеќе и верувам дека не се сосема доволно и искрено се надевам дека ќе изнајдеме некакво решение, се разбира со негови поголеми услуги отколку од министерството оти пак станува збор за закон“, посочи Јаневска.
Јаневска посочи дека со буџетот следната година се планираат повеќе средства не само за Карпош туку и за други општини кои се наоѓаат во слична ситуација секако по можност на сите општини да можеме да им се удоволи.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски претходно рече дека Владата се однесува крајно некоректно кон македонските општини настојувајќи, како што нагласи, целосно да ги запре средства што е должна да ги исплаќа.
Тој ја обвини Владата дека со помош на „разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат Албанска академија на науки“, а од друга страна „не можат да ги платат сметките за струја на училиштата каде учат Македонци“. Јакимовски нагласи дека не може да се штеди на грбот на децата од Карпош и презентираше документи, тврдејќи дека Министерството за образование и наука во 2022, 2023 и 2024 година континуирано ги намалува предвидените средства за образование за оваа општина. Односно, за 2022 и 2023 година, им биле исплатени на училиштата 15 милиони денари помалку од предвидените.