Јаневска на почетокот на новата академска година: На државата и е потребна поддршка од сите чинители, особено од младите

1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Од денес имаме нова генерација на студенти. Им посакувам добредојде во академскиот свет. Внимателност и активно учество во предавањата, ќе им помогнат за полесно совладување на материјата. Љубопитноста ги проширува видиците и овозможува надминување на резултатите од учењето, кои се наведени во студиските програми. Креативноста, иновативноста и желбата за натпревар пак, создаваат лидери на позитивни промени, лидери на бизниси и на општествени процеси и токму такви нам ни се потребни“, рече министерката за образование и наука на првиот академски час во новата академска 2024-2025 година на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип.


Посочи дека на државата и е потребна поддршка од сите чинители, особено од младите, за како што рече, да го забрзаме напредокот.

„Без млади, не само што нема добра, туку, нема никаква иднина. И затоа ми е драго за сите вас, што сте одлучиле да студирате и искрено очекувам да го реализирате својот потенцијал токму тука. Тој потенцијал ќе го надградувате заедно со професорите. Ним сте им препуштени, верувајте им и слушајте го секој еден совет кој го даваат“, додаде Јаневска, потенцирајќи дека УГД е реномиран универзитет каде работите не се препуштени да течат сами по себе, туку се носат храбри одлуки, се иновира и се инвестира во условите и во човечкиот капитал.

Министерството за образование и наука и Владата ќе го наградат вложениот труд на сите чинители на високообразовниот процес. Јаневска информираше дека за професорите следува значително повисока плата од следната календарска година. За студентите продолжува поддршката преку повеќе категории на стипендии, но и зголемен износ на субвенционираниот студентски оброк од јануари 2025 година, достапност на литература и на мрежи и програми за интернационална размена на знаења и искуства. Студентските домови етапно се реновираат и очекувањата се деказа 4 години отсега сите ќе станат современи и енергетски ефикасни.

„Нема да ветам нов студентски дом тука во Штип, но ќе споделам дека со раководството на универзитетот и со локалната самоуправа дискутираме за изнаоѓање решение за да има доволно и пристојни сместувачки капацитети“, информираше Јаневска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK