„Откако го призна проблемот со личните асистенти Весна Јаневска се обидува да се оправда со тоа што обвинува други. Сите и се криви на Весна Јаневска, денеска ги обвинува училиштата, директорите, а таа не им ги продолжи договорите на личните асистенти“, велат СДСМ.
„Без согласност од МОН не можат ресурсните центри да објават оглас и сосема е јасно дека вината е кај Весна Јаневска.
Ниту едно дете со попреченост се уште не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти“, соопшти СДСМ.