Јакимовски од Струга: Кого лаже Мицкоски, германскиот пратеник или граѓаните

Видео-Јакимовски-Советот-на-Карпош-да-го-оспори-пред-Уставен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот во германскиот Парламент, Бајер, го потврди она што јас веќе го зборувам подолго време, дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да извршат промени на Уставот, но чекаат прво евентуално да победат на парламентарните избори, па потоа да го направат тоа предавство, вели Стевчо Јакимовски.


„И практично, кога ги анализираме двете политички партии, СДСМ е спремен да предаде и тоа веднаш и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот кај ВМРО-ДПМНЕ е што тоа сакаат да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори. И јас сега сакам да прашам, бидејќи тие велат ќе поставуваат узлови, ќе било одложено важењето на Уствот, само сакам да прашам за господинот Мицкоски, кого лаже? Дали го лаже германскиот пратеник, или ги лаже гласачите, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кого лаже?! Јас мислам дека, мојата проценка е дека тој му ја кажува вистината на германскиот пратеник, а на македонските граѓани им ја кажува лагата дека тој ќе поставува услови, дека тој ќе бара одложено дејство на важење на Уставот кога ќе влеземе во ЕУ“, рече Јакимовски.

Како што додаде, треба да се престане со нечесното играње кон Македонците и треба да се престане да се третираат Македонците како монета за поткусурување, па затоа на овие парламентарни избори македонското гласачко тело треба да одлучи да не го дава гласот за оној којшто е подготвен да ги предаде, да го отвори Уставот, потоа да се бира претседател во Прламентот.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK