Јакимовски: Има средства да се финансира Академија на науки и уметности на Албанците, а нема да се обезбеди парно за учениците во Карпош

Видео-Јакимовски-Советот-на-Карпош-да-го-оспори-пред-Уставен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не може да се штеди на грбот на граѓаните и децата на територија на општина Карпош. Вчера градоначалниците Албанци од локалната самоуправа рекоа дека сами ќе ја финансираат академијата на науки и ументостви на Албанците. Тие имаат средства да си ја финансираат академијата, а ние македонските градоначалници немаме средства да го платиме ни парното за учениците во основните училишта, посочи на денешната прес-конференицја градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.


„Сето тоа го поддржа председателот на советот на Град Скопје, професорот доктор Трајко Славевски кој  јасно укажува дека е ова договорена работа за како да ги прејдат граѓаните, односно тоа да не го плати централната власт туку да оди преку локална самоуправа“, вели Јакомовски и додава:

„Ова навистина е срамно од една Влада која дојде на власт со алтиалбанска реторика, но се однесува најнекоректно токму кон македонските опптини, ставајќи ги на маргините општините кратејки им ги средствата кои треба да им ги исплати, а трошоците во уличиштата постојано се зголемуваат“, посоли Јакимовски.

Потенцира и дека е коректно од министерката да каже дека нема средства, дека недостасуваат средства во Карпош и да се надева дека со новиот буџет за 2025 година ќе најде средства да го обезбеди Карпош да не должи за отоплување и други потреби.

„Крајно некоректно е да се каже дека градоначалникот е способен и ќе се најде“, дециден е Јакимовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK