Јакимовски до Јаневска: Се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите

462538091_814862883918975_1867008222060945203_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски уште еднаш побара од министерката за образование Весна Јаневска да ги подмири трошоците за греење на училиштата во Карпош во висина од 8.3 милиони денари, за да можат децата да имаат нормално затоплување.


„Не знам дали министерката доволно добро го чита законот, не знам дали и е доволно познато, дека сите обврски за функционирање на училиштата, а тоа значи за електрична енергија, за водоснабдување, за ѓубретарина, за тековно-инвестиционо одржување надлежно си е министерството за образование. Тоа што министерството за образование не си предвидело доволно пари во буџетот за училиштата во општина Карпош е исклучиво вина наминистерот за образование. И не знам зошто се обидува да ја префрли топката на локалната самоуправа, прозивајќи ме мене дека сум можел да се снајдам. Овде не е потребно снаоѓање. Овде е потребно министерот за образование да си ги обезбеди парите за да можат децата од училиштата на територија на општина Карпош да имаат нормално затоплување, како што имаат сите деца во светот.
Се прашува министерката како е можно само во општина Карпош да нема доволно средства за затоплување, а сите останати општини да имаат
доволно. Многу едноставно министерке. Од времето на Груевски постојано кратевте кај општина Карпош, а постојано додававте кај вашите
градоначалници. И ова ви се провлекува постојано. Минатата година плативме 6 милиони денари, оваа година 8,3 милиони денари нема да ви ги
платиме. Ќе си ги обезбедите вие од министерство за образование. Ако имавте за Мајка Тереза 35 милиони евра, ќе штрбнете малку од таму и ќе обезбедите средства за да ги платите сметките, рече Јакимовски.

Градоначалникот ја праша министерката, ако навистина е негова обврска да го плаќа греењето во училиштата, зошто тогаш министерството
дава пари за истото?

„Сакам да прашам, ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари? А, ако е нејзина обврска да се подмират
трошоците за затоплувањето, зошто тогаш бара и општината да контрибуира во плаќањето на сметките? Зошто останатите општини не го трошат буџетот за да плаќаат затоплување, туку тоа мора да го прави само општина Карпош? Овој дискриминтароски однос кон општината трае веќе подолго време, но наместо да се смирува, таа ескалира. Општината презела се за да ги намали трошоците во училиштата.
Сите училишта да се реконструираат, на сите училишта се ставени фасади, секаде се сменети прозорите. Во најголем дел од училиштата
ставивме фотоволтаици. И тоа било обврска на министерството за образование. Еве прашање до министерката. Нека провери во последните
15 години, колку денари имаат дадено за тековно или инвестиционо одржување? Немаме никогаш денар добиено. Се тоа прави локалната
самоуправа. И на крајот прашањето, зошто постои министерството за образование? Тие трошат 5,5 милијарди евра, а ние со 8 милиони евра треба да ги покриеме сите трошоци, вклучувајќи ги и дупките кои ни остава министерството, смета Јакимовски.

На барање на новинарите да ја искоментира изјавата на министерката каде вели дека „блок дотациите се исплатени, понатаму обврска на
општините е како ќе ги менаџираат тие средства“, градоначалникот одговори: „Замислете сега, северџанката министерка мене ќе ме учи како да ги менаџирам парите. Парите што ми ги дала сме ги префрлиле на училиштата. Како да ги изменаџираме? Еве се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите. Потрошиле училиштата 100 банки, а таа дала 2 банки. Попросто има ли од тоа? Тие средства не се доволни ни од далеку“, објави Јакимовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK