Извршителите да ги почитуваат законските измени за застарување на долговите, бараат граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извршителите да ги почитуваат измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови, побараа граѓаните на мирен протест пред Министерството за правда.



Тие преку писмени барања се обратија и до министерот Кренар Лога.

Оценуваат дека не се применуваат измените во конкретниот закон од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот.

„Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна. Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот се застарува“, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.

Од здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.

Самка Ибраимовски, претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд.

Според него, во овој момент има 220 илјади блокирани сметки.

На ова реагираа и од Министерството за правда.

„Министерството за правда нема законски надлежности да дава автентично толкување на законските норми што е во исклучива надлежност на Собранието на Република Северна Македонија.
Министерството за правда информира дека исклучива надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител има судот во соодветна постапка.
Правниот институт -застарување, роковите , прекинот и начинот на утврдување, се регулирани со бројни одредби од Законот за облигациони односи( член 349-382 ) и истиот не се применува автоматски, туку се утврдува во судска постапка на предлог на должникот.
Извршителот е должен да постапува по барањето на доверителот и притоа не е овластен да носи никакви процедурални одлуки во однос на текот на извршувањето, што е во исклучива надлежност на судот“, се истакнува во реакцијата од министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK