Во рамките на постапката во Основното јавно обвинителство Битола се преземаат дејствија во предистражна постапка за случајот со пријавениот Сашо Дранго.
„Извршен е распит на пријавеното лице, а во тек е вештачење на неговиот мобилен телефон. Надлежниот јавен обвинител издаде и повеќе наредби до Министерството за внатрешни работи од кои по дел се уште се постапува. Кај пријавениот по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес. По завршување на сите дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, посочија од јавното обвинителство.
Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.
Разрешувањето на Сашо Дранго доаѓа откога пред речиси два месеца беше објавена фотографија на која тој позира со убиена мечка.