Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено.
Од него се извадени телата на три лица.
Потрагата по четвртото лице продолжува, информираат од ЦУК.
МВР претходно соопшти дека попладнево во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар.