Изминатите два дена општина Пробиштип се соочи со еден од најсериозните пожари, соопшти градоначалникот Анастасов

2-19.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изминатите два дена општина Пробиштип се соочи со еден од најсериозните пожари, кој досега избувнал на наша територија, вели градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов.


„На територијата кај селата Неокази, Трипатанци, Бунеш и Ратавица, во дијаметар од неколку километри изгоре во голем дел борова шума и нискостеблести растенија. Противпожарната единица Пробиштип, со противпожарните единици од Кавадарци и Штип, резервниот состав, како и голем број волонтери од месното население, два дена се бореа со огнената стихија“, пишува Анастасов во својата објава на „фејсбук“.

Во координација со Центарот за управување со кризи бил ангажиран и хелихоптер за гасење од воздух, но за крајното локализирање на пожарот бил пресуден дождот кој заврна во попладневните часови.

„Изразувам благодарност до сите пожарникари, резервен состав, како и до месното население, што дадоа се од себе за да овој сериозен пожар помине без материјални штети по викендици и куќи, и секако најважно од се што немаме загрозени човечки животи“, завршува градоначалникот на Пробиштип во својата објава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK