Изградена и уредена е трим патека која се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци. Патеката е во должина од 5 километри и наменета е за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам.
Поставени се две информативни табли во населените места Ајватовци и Бучинци, трим патеката е обележана со патокази по нејзината должина, поставени се на неколку локации летниковци со клупи за одмор, како и корпи за отпадоци.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претседателката на Совет, Верче Мицевска и директорот на ЈКП „Илинден“, Борче Мицановски, ја посетија трим патеката и истакнаа дека со изградбата се овозможува поголема искористенот на туристичкиот потенцијал кој го поседува Ајватовски ред и од големо значење е за оние граѓани кои имаат спортски и авантуристички дух.
„Проектот за изградба на трим патеката е предвиден и во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите. Општина Илинден упатува апел до сите посетители на оваа рекреативна локација, да бидат внимателни, да се грижат за поставените реквизити со цел да ги користат повеќе генерации“, велат од Општината.