Изгоре магацинот на „Стокомак“ кај Струмица, причините за пожарот засега непознати

Pozarnikari-Skopje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Попладнево околу 17 часот пожар ги зафатил магацинските простории на маркет на „Стокомак“ пред селото Дабиле, кај Струмица и се ширел кон внатрешноста на објектот, информираа од ТППЕ Струмица.


Според пожарникарите, во гаснењот на пожарот учествувале три против пожарни возила и 11 пожарникари, а благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е изгаснат и не е дозволено да се прошири и да предизвика големи материјални штети.

Причините за избувнување на пожарот засега не се познати и по извршениот увид треба да биде познато како дошло до опожарување на магацинските простории.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK