Изгласан новиот состав на Антикорупциската комисија

Ревизорката-Татјана-Димитровска-предложена-за-нова-претседателка-на-ДКСК-ревизори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со 97 гласа „за“ пратениците на денешната седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.


За претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата избрана е Татјана Димитровска, а во новиот состав членуваат: Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски.

Новата комисија треба да почне со работа на 8 февруари.

За претседател и членови на ДКСК, беа пријавени 41 кандидат кои на 23, 24 и 25 ноември беа испрашувани од Комисијата за избор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK