Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на ден 10.11.2024 година во подножјето планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино (Општина Ново Село) е ликвидиран. Зафатена била површина од околу 20 хектари.
Вчера на терен беа седум вработени и две теренски возила од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ – Струмица. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица од 12.16 до 13.10 часот со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и тополи во с. Робово (Општина Струмица)