Изборот на Миликије за директорка на „Аеродроми“ е срам за државата, системот пропаѓа од таквите кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Изборот-на-Миликије-за-директорка-на-„Аеродроми-е-срам-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми спаѓа во рубриката верувале или не. Поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС после мандатот ја именуваа за инспектор во Царинска управа со средно школо, а сега догура до позиција директор на Аеродроми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Прашуваат „Со што Миликије ја заслужи оваа позиција? Кои се нејзините квалитети, токму таа да биде избрана? Дали има соодветни вештини, знаење или искуство? Да бидат срамот и дното поголеми, Миликије Халими уште им се заблагодарува на СДС за кадровскиот избор кој го направиле и нејзе ја именувале на оваа позиција“.

„Ова е срам за СДС, за владата, но најстрашно од се е срам за Македонија. Човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромските услуги во Македонија. Ова е кадровската политика на СДС, целосно некомпетентни кадри да ги стави на одговорни позиции, како да се работи за шега, а не за раководење на државни институции. Всушност заради ваков тип на „Миликије- кадровски политики“ пропаѓа системот, институциите и државата, а младите и компетентните се селат. Ковачевски да одговори како Миликије е избрана? Тој е директно одговорен како формален претседател на СДС за кадровскиот избор“, пишува партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK