Изборите во Србија ја забавија брзата пруга Ниш – Скопје, Бочварски очекува работните групи да ја продолжат работата

Изборите-во-Србија-ја-забавија-брзата-пруга-Ниш-–-Скопје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Парламентарните избори во Србија кои се одржаа изминатиот викенд ја забавиле работата на брзата пруга Ниш – Скопје, но министерот за транспорт Благој Бочварски очекува работните групи да продолжат со работа. Тој и денес, по пуштањето на обновениот регионален пат Битола – Меџитлија, кажа дека нашата страна обезбедила дополнителни средства за граничниот премин на пругата.


„Ние потпишавме меморандум за соработка, но во Република Србија претходниот викенд имаше парламентарни избори и веднаш по завршувањето на изборите двете работни групи, кои се веќе формирани ќе почнат со акциски план и со работа со цел заеднички да настапуваме во овој проект и во делот на финансиските средства, начинот на финансирање и во делот на инфрастурктурното поврзување. Ние дополнително обезбедивме финансиски средства за граничниот премин Табановце кој ќе биде од наша страна на железничката пруга. Ние ќе го реализираме тој граничен премин, а ќе биде користен од страна на двете држави“, рече министерот Бочварски.

Пред повеќе од еден месец Македонија и Србија потпишаа меморандум за соработка за изградба на брза пруга Ниш – Скопје. Македонија, согласно мемеорандумот, е обврзана да презем обврски за реализација на инфраструктурани проекти за изградба на железница со високи перформанси, и тоа во прва фаза на потегот од граничен премин Табановце до Скопје и изградба на нова железничка линија до Меѓународниот аеродром Скопје.Тоа подразбира изградба на пруга во должина од околу 50 километри на која патничките возови ќе можат да се движат со брзина од најмалку 160 киломтери на час.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK