Ивановска: Навреда за сите совесни функционери е констатацијата дека одењето пешки или возењето велосипед е популизам

Biljana-Ivanovska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, во името на сите членови на претходниот состав, преку ФБ статус реагира на соопштението на ДКСК во врска со дипломатските пасоши.


 

„Обврска на медиумите е да го следат работењето на институциите и на фунционерите и за тоа навремено и целосно да ја известуваат јавноста.
Како поранешни членови немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите. Извештаите за работењето на претходниот состав на ДЛСК, како и извештаите на Европската Комисија и другите меѓународни организации и тела, го прикажуваат односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат. Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниеднаш не не спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел. Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењето велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам. По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам. Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и се грижат за животната средина“, пишува Ивановска.

Претходно, од Антикорупциска рекоа дека дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право.

Според МНР, членовите на Антикорупциска не влегуваат во категоријата на лица кои имаат задолжително право на дипломатски патни исправи.

„Во текот на месец април од страна на Државната комисија за спречување корупција до Министерството за надворешни работи доставено е барање за издавање на седум дипломатски пасоши за Претседателот и членовите на Комисијата. Членовите на оваа Комисија не влегуваат во категоријата на лица кои согласно со актите кои го регулираат ова прашање имаат задолжително право на дипломатски патни исправи, но истовремено, на одредени категории, доколку Министерот процени дека има потреба, Министерството за надворешни работи има право да издаде дипломатска патна исправа На предметното барање од страна на тогашниот Министер за надворешни работи, позитивно е одговорено само за едно лице, односно за Претседателот на ДКСК. Во однос на останатите членови на ДКСК Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“, велат од Министерството за надворешни работи и трговија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK