Иселениците повеќе нема да ја одредуваат етничката застапеност во државните институции, сменет е процентот на балансерот

minchev-administracija-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за јавна администрација, Горн Минчев објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја брои и дијаспората од пописот.

Тоа значи дека во новата пресметка на балансерот ќе биде вклучен само бројот на резидентното население, според податоците од последниот попис.

Со тоа бројот на Македонци во администрацијата ќе биде од 54,21 на 58,44 проценти, Албанци од 29,52 на 24,30 отсто, Турци од 3,98 на 3,86 проценти, Роми од 2,34 на 2,53 отсто, Срби од 1,18 на 1,30 отсто и Власи од 0,44 на 0,47 проценти.

Во министерството пристигнати се околу 120 годишни планови за вработување во институциите од јавниот сектор и од нив само пет се со позитивно мислење.

Министерот Минчев рече дека според процентуалната застапеност во новоформираното Министерство, во моментов, 43 до 45 отсто се вработени од етничките заедници што значи дека балансерот е злоупотребен.

„Тоа е предмет на ревизија. Досегашните анализи укажуваат дека од 100 процентната вработеност окоолу 18 до 19 отсто ја имаат злоупотребено можноста за искажување на припадност на етничката заедница, односно злоупотреба на балансер“, рече Минчев додавајќи дека се работи за луѓе кои се во редовен работен однос и ќе останат на работа.

Пред две недели, Минчев, најави укинување на балансерот, соопштувајќи дека алатката за вработување според национална припадност во државните институции, во минатото била предмет на злоупотреби.

Во август 2022 година, тогашниот министер Адмирим Алити направи нова пресметка на балансерот пришто процентот на лица кои треба да се вработени во државните институции беше пресметан од вкупното население од пописот, што предизвика бројни реакции. Според Минчев, со тоа Законот за вработените во јавниот сектор не бил почитуван.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK