Институтот „Ромалитико“ додели 97 свидетелства во рамки на програмата за дооформување на основно образование

romalitiko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ромалитико додели 97 свидетелства во рамки на програмата за дооформување на основно образование и презентираше резултати од 5 мали акциски грантови и голем акциски грант.

Во Хотел „Александар Палас“, Институтот „Ромалитико“ на 5-ти јули организираше завршен настан на којшто беа доделени 97 свидетелства на Роми вклучени во програма за дооформување на основно образование. Оваа активност се спроведе во соработка со Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ – Штип. Говорници на панелот којшто претходеше на доделувањето на свидетелства беа: Мухамед Ајваз, модератор и проектен менаџер, Трајче Петров, претставник на „Ванчо Прќе“ – Штип и Назмија Рамадановиќ, мобилизатор на заедница во Велес. Учесници во програмата за дооформување на основно образование беа Роми од 13 општини: Радовиш, Прилеп, Шуто Оризари, Кичево, Кочани, Берово, Штип, Виница, Велес, Куманово, Струмица, Чаир, Тетово. На вклучените во програмата е предвидено е да им се даде поддршка и во процесот до нивното прво вработување.


На настанот исто така беа презентирани и резултатите на 5 мали акциски грантови и големиот акциски грант.

Во продолжение следуваат клучните постигнати резултати од имплементаторите на грантовите кои се спроведуваа во 2022 и 2023 година, а беа презентирани на панелот од страна на: Ремзи Медик од „Баирска Светлина“, Ферзије Асаноска од „Сумнал“, Славица Купенкова од „Стрип-Центар Велес“, Азиза Сали од „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“, Елена Петровска од Коалиција „Маргини“ и Наташа Петровска од Коалиција Сите за правично судење. Овој панел беше модериран од страна на Шенас Имер.

„Баирска Светлина“ со грантот овозможи 100 млади од ромската заедница да се запознаат со штетноста од користењето на наркотични дроги и психотропни супстанции.

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ вклучи 30 семејства во психосоцијален ризик во програма за бесплатно советување, психотерапија и психосоцијална поддршка.

Стрип конкурс со 79 стрипови од ученици од основни и средни училишта организираше Стрип центар – Велес.

Беше спроведено и истражување од страна на Иницијатива на жени од Шуто Оризари за пристапот до правата на Ромите повратници на територија на Општина Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Чаир и Кисела Вода.

Во три општини: Шуто Оризари, Битола и Струмица, Коалиција „Маргини“ организираше тематски средби – „Разговори со заедницата“ исто така и беше оддржана средба со 9 Роми учесници – изработка на прајд транспаренти и учество на настан со Претстедателот на државата, Стево Пендаровски.

Имплементаторот на големиот акциски грант, Коалиција Сите за правично судење, во периодот од ноември 2022 до јуни 2023 даде бесплатна правна помош на 174 граѓани од ромската заедница, од кои најчесто во делот на легализација и упис во матичната книга на родените.

Програмата за дооформување на основно образование, малите акциски грантови и големиот акциски грант се реализирани во рамки на Проектот на УСАИД за инкузија на Ромите, финансиран од Агенција на САД за меѓународен развој – УСАИД.

Институт „Ромалитико“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK