Илир Демири го напушта „Европскиот фронт“


ilir-demiri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот Илир Демири ќе дејствува како независен. Тој за оваа одлука го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер.


Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, партија која на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.

Одлуката на Демири за независно дејствување следува откако Села најави дека ја напушта коалицијата со ДУИ.

Централното претседателство, како што соопштија од АА на 18 ноември, одлучило партијата да делува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието ќе бидат независна група.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK