Илинден одбележан во струшко Ташмаруништа

tashmarunishta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и општо народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде се наоѓа заедничка гробница на паднатите востаници во струшкото село Ташмаруништа беа одбележани 120 години од Илинденското востание и 79 години АСНОМ.

Почит на спомен – обележјата на хероите од илинденската епопеја, во селото Ташмаруништа одадоа делегации на политичките партии, Сојузот на борците, организации, граѓани…. Меѓу присутните беше и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


– Нашиот пат е трасиран од генерации јунаци кои со крв ја обележале патеката по која чекориме и од која никогаш и за ништо нема да отстапиме ниту педа. Никогаш да не заборавиме кои сме и од каде доаѓаме, вечно да живее идеалот и вечна да ни е Република Македонија, посочуваат од општинската организација на ВМРО – ДПМНЕ Струга.

Почетокот на прославата, традиционално почна со звукот на црковните ѕвона, а за присутните беше подготвен и културно-забавен дел.

Во селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание 1903 година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и регуларната турска војска во тој регион.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK