Играј со најдобрите: Видеолотарија со донација од 15.453.000 и во 2023 реконструираше игралишта

video_lotarija_32424233
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија и во 2023 со буџет од 15.453.000 денари, продолжи со својата стратегија за реконструирање на мултифункционални спортски и детски инклузивни игралишта.

Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, продолживме со проектот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“ во кој сме фокусирани на обезбедување инфраструктура за спортување. Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и останатите граѓани


Со донација од 15.453.000 денари Видеолотарија Касинос Австрија и  во 2023 ја реализираше стратегијата за реконструирање на мултифункционални спортски и детски инклузивни игралишта ширум Македонија. Изградивме осум мултифункционални спортски игралишта и четири инклузивни детски игралишта  и тоа: ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, игралиштето Оливер Соколов Сокол во Општина Карпош, игралиштата во Свети Николе, Битола, Гевгелија, Лојане, Охрид и Чаир, како и детското инклузивно игралиште во близина на

ТЦ Зебра во Капиштец, , игралиштето во Тафталиџе во Скопје, како и игралиштата во Демир Хисар и во Валандово.

Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK