Идентификувано лицето кое постави албанско знаме на полициско возило во Тетово


zname.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи го утврдило идентитетот на лицето кое за време на прославата на Денот на албанското знаме постави албанско знаме на полициско возило во Тетово.


Од МВР информираат дека по преземените мерки во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, лицето било идентификувано и повикано на разговор во полициска станица во присуство на родител.

Од полицијата најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK