Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да го децентрализира буџетот и секоја година по 250 милиони евра да одат кај општините, истакна Николоски

aleksandar-nikoloski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е после парламентарните избори, а тоа ќе е веќе уште ова лето да го децентрализираме буџетот и да спуштаме секоја година по 250 милиони евра до општините во Македонија без разлика кој е градоначалник од која политичка партија. Ова го истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на четвртата изборна единица, во Добрушево во Општина Могила.


„Формулата е многу едноставна: број на жители плус економска активност ќе определува колку средства ќе доаѓаат во општината. Конкретно за Општина Могила некаде ќе се движи околу 4,5-5 милиони евра во еден инвестициски циклус од четири години што ќе треба да ги затвори најкрупните прашања тука како после 4 години не би зборувале за основните потреби на граѓаните“, рече Николоски.

Тој вели дека досега никој не внимавал на децентрализацијата, а на тој начин многу ќе се забрза локалниот развој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK