Ибраимовски: Спремни сме да поднесеме кривични пријави за извршителите кои не го почитуваат законот

samka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спремни сме да им поднесеме кривични пријави на сите оние кои не го почитуваат законот, изјави претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски пред уставниот суд, каде заедно со организаторите на протестот „Стоп за извршителите“ поднесоа аргументи за уставноста на измените во законот за Облигациони односи, односно делот што се однесува на застарување на долговите.


„Законот не е противуставен. Туку го спречува самоволието на извршителите. Ги оштетија граѓаните за 10 до 15 пати повеќе од она што треба да го плати. Затоа е законот донесен, и не може закон што го потпишал претседател и го донело Собрание да не се почитува“. рече Ибраимовски, апалетирајќи дека граѓаните треба да се ослободат од должничкото ропство.

Активистаката Ана Глигорова истакна дека целта е да ги одбранат пред уставниот суд законските измени и ќе аргументираат со компаративна анализа. Таа нагласи и дека ако долгот е 1.000 денари, каматата не смее да биде поголема од оваа сума.

До уставниот суд  порачаа „да делува онака како што делуваше пред 2012 година кога не беше исполитизиран“.

Здруженијата “Човекот над профитот”, “Но Пасаран”, КСОМ и ПЦЕР беа оорганизатори на протестот „Стоп за извршителите“ што се одржа пред два дена.  Согласно Законот за изменување и дополнување на ЗОО (Сл.Весник на РСМ бр.154 од 20.07.2023 година ) во чл.2 се предвидени измени на одредбата од чл.368 од ЗОО, во која е определено дека извршната постапка може да се реализира во рок од 10 години од денот на поднесување на Барањето за извршување, после кој рок настапува апсолутна застареност, со ретроактивно дејство.

Здруженијата нагласуваат дека се соединети во борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, извршители и низа на корумпирани државни службеници.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK