И Села го разреши Таравари – кулминира играта на тронови во Алијансата

Една-партија-два-конгреса-–-Таравари-вечерва-а-Села-в.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На вториот конгрес на поделената Алијанса за Албанците, партиското крило одлучи да го реизбере Зијадин Села за претседател, и да го отстрани од челната партиска позиција, актуелниот лидер, Арбен Таравари.


Засега нема коментар од Таравари за конгресот на партијата, и неговата смена.

Во петокот, пак, на вонреден конгрес крилото предводено од Таравари, ја укина функцијата претседател на Собранието на партијата која ја извршуваше Села. Тогаш, Таравари беше реизбран за претседател на партијата.

Расколот во Алијансата се случи откако Тараври најави заендичко учество на изборите со опозициските партии од албанскиот блок, додека Села се залагаше за самостоен настап.

Таравари веќе ја објави својата кандидатура на претседателските избори и го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се кандидира за да си ги измерат силите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK