И на фаворизираната страна на Арсовска, воздухот во Скопје е нездрав, а мерки нема

И-на-фаворизираната-страна-на-Арсовска-воздухот-во-Скопје-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопјани и вечерва дишат загаден воздух, покажуваат двете веб-страниците за мерење на квалитетот на воздухот – iQair и WAQI.


Така, според страницата „iQair“ Скопје вечерва е на десеттото место во светот според загаденоста. Според овие податоци, индексот на квалитетот на воздухот во главниот град изнесува 176, што укажува на ниво опасно по здравјето. Во исто време, концентрацијата на ситните честички прашина ПМ 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да му наштетат на здравјето, е 20,8 пати поголема од вредноста што ја смета за дозволена Светската здравствена организација (СЗО).

Градоначалничката Данела Арсовска, претходно денес, ги оспори податоците од „IQair“ како невистинити . Упати на следење на светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот.

Но, и таму, скопскиот воздух не е пријатен за дишење.

Според овие податоци, бројките во сите скопски населби, каде што се прават мерењата се далеку над дозволените граници.

Лисиче

Гази Баба

Центар

Карпош

Ѓорче Петров

 

Скопје вечерва е загадено и според податоците објавени на страната на Министерството за животна средина.

Сепак, и покрај високите бројки и видливоста на загадувањето вечерва и без нив, засега не се воведени мерки, на територијата на Скопје.

Инаку, според податоците на „WAQI“, вечерва најзагаден град во Македонија е Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK