Измените во Законот за нефер политики предизвикаа нефер однос кон граѓаните и претпазливост кај маркетите со стоката со краток рок на траење.
На рафтовите по маркетите сè помалку има бел леб, свежо млеко, павлаки, јогурт…
Со новиот закон, сега маркетите сами треба да се снаоѓаат со непродадената стока, а не како досега кога имаа можност таа стока да ја вратат на добавувачот. И затоа сега се многу повнимателни во нарачките, а тоа значи и помала понуда за купувачите.
Граѓаните се жалат дека евтиниот бел леб го има сè помалку по продавниците. Маркетите се жалат дека ги намалуваат нарачките затоа што не се снаоѓаат со стоката што им останува, на која им поминал рокот на траење.
„Повеќе не добиваме повратници и набавуваме помалку млеко, јогурт, павлаки… Равтовите ни се полупразни и сè што е расипано и со поминат рок се фрла, не ни ги земаат добавувачите како порано. Вака и нашите загуби се зголемуваат, па затоа и внимаваме со нарачките за да се намали стоката што треба да ја фрлиме“, вели сопственичка на еден скопски маркет.
Продолжете со читање на мкд.мк