Хрватска испраќа канадер за да и’ помогне на Македонија во справувањето со пожарите

11562ea9-cd4e-4c39-9c0d-0a09d470bc71.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за одбрана на Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во земјава на помош, за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите.


„Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Северна Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ“, се вели во соопштеието на министерството во Загреб, пренесе „Индекс“.

Во Македонија владее кризна состојба поради зголемена појава на пожари. Помош вчера испрати Турција, а се очекува денес да пристигне помошта и од Словенија, Србија и Црна Гора.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK