Хоџа по смената на директорката на Токсикологија: Горд сум што кадар како Бесија Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите

Screenshot-2024-06-26-094123.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Европската демократска партија и член на коалицијата „Европски фронт“, Аријанит Хоџа со реакција по разрешувањето на економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази.


-Од сите директори што ги разреши министерот за здравство, Арбен Таравари, медиумите на македонски јазик најмногу вревеа за разрешувањето на Бесија Илази. Знаете ли зошто!? Затоа што таа ги продолжи договорите за работа на 18 вработени Албанци и дека овие што денеска ќе ја водат оваа институција се избориле да не им продолжат договорите“, пишува Хоџа во неговиот статус на социјалните мрежи.

„Исто така, Бесија беше нападната дека не го владее македонскиот јазик на високо ниво и тоа што институцијата ја водеше со перфектен албански јазик и изгледа ги оглуви оние кои денеска се назначени со потпис на министрите-вазали“, додава Хоџа.

Истакнува дека е „горд што кадар како Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите.

„Горд сум што кадар како Бесија Илази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите и што стана причина да се покаже вистинското лице на вазалскиот пристап на коалицијата ВЛЕН во владеењето на ВМРО.

П.С.
Ниту отказното решение не е испратено на албански јазик затоа што итната состојба на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја спроведат нејзините вазали“, дополнува Хоџа во напишаното.

Вчера новиот министер за здравство Арбен Таравари потврди дека Бесија Иљази е разрешена од директорската функција на Токсикологија а истото е направено и со уште десетина други директори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK