Хелсиншкиот комитет објави извештај за потребите на а ЛГБТИ+ лицата во Македонија

lgbt.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје во рамки на проектот „Политичко оснажнување на ЛГБТИ луѓето“ имплементиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје во партнерство со ЛГБТК+ Виктори Институт и Коалиција Маргини, а финансиски поддржан од страна на УСАИД издаде „Извештај за потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија“ во авторство на Вонр. Проф. д-р Ангелина Станојоска и М-р Ина Џугуманова.



Целта на истражувањето е да бидат идентификувани потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија, пред сè, во однос на основните потреби и безбедноста, домувањето и финансиите, медицинската заштита и заштитата на менталното здравје, правната заштита, социо-културниот живот, како и други потреби.

Резултатите од ова истражување ќе бидат искористени за подобрување на генералната положба на ЛГБТИ+ лицата во РСМ или за подобрување во одредени области, како и за споредбена анализа и заклучоци во однос на потенцијални промени на состојбата од претходни истражувања. Всушност, истражувањата и информациите за ЛГБТИ+ заедницата се првиот чекор кон напорите да се спречи дискриминацијата на оваа група граѓани.

Публикацијата е подготвена од страна на Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје во партнерство со ЛГБТК+ Виктори Институт и Коалиција Маргини, со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД). Ставовите изразени во оваа публикација не ги изразуваат нужно ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Целиот извештај ТУКА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK