Хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови.
„Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода“, соопштија од МВР.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека бројот на пожарите не се намалува и според досегашното искуство, како што рече, се очекуваат и нови. Тој апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикуваат пожари, а доколку забележат пожар веднаш да го пријават.