Хамиди: Цело време бевме напаѓани од Тасевски, ама не излегувавме во медиумите да се жалиме

Хамиди-Цело-време-бевме-напаѓани-од-Тасевски-ама-не-излегувавме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди вели дека  безбедноста на авио-сообраќајот и навигацијата никогаш била, ниту ќе биде загрозена. Граѓаните можат да патуваат безбедно, додаде тој после вчерашните инциденти во зградата на радарската соба каде што е сместена обласната контрола на летање при М-НАВ.

„Од 3.ноември 2020 година, кога стапив на чело на компанијата, ја најдов со минус 70% сообраќај и немаше средства ниту за оперативни простории, а камоли за плати. Успеавме да ја донесеме фирмата на здрави нозе,  МНАВ денеска ги има подмирено сите загуби кои беа поради надворешен удел, без ниту еден денар помош од било кого, кажа Хамиди.

Вели дека цело време биле напаѓани од страна на претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски и истакна дека не излегувале пред медиумите да се пожалат, бидејќи, како што вели, имале покрупни работи со кои морале да се занимаваат.

„Не повредува сите нас и не не остава да си ја завршиме работата. Репутацијата на нашата компанија е доведена во прашање поради лажни клевети дека ништо не чинело, истакна Хамиди.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK