Екстрадицијата на екс-премиерот Никола Груевски актуелна меѓу новинарите, кои побараа одговори и од министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто и од македонкиот министер за надворешни работи Бујар Османи.
„Што се однесува до вашиот поранешен премиер ако има некои правни постапки во врска со тоа, тоа не е прашање на надворешната политика, ние не можеме да се мешаме во судските постапки и затоа не зборувавме за тоа конкретно прашање на денешниот состанок и сметам дека не е неопходно да зборуваме за него“, рече Сијарто.
Османи на иста линија со неговиот гостин, одговори дека тоа не е прашање на надворешно-политичка комуникација.
„Тоа е прашање на судските органи, министерството за правда, кои што си комуницираат во тој дел, а јас останувам на ставот дека поранешниот премиер треба да биде во Северна Македонија и да се соочи со правдата тука затоа што не е во интерес на ниту една држава премиер да биде во егзил“, истакна Османи во врска со екстрадицијата на Груевски.