Груби: Од медиумите дознав за одлуката на Стејт департментот, секогаш посветено работев

4-10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“ напиша поранешниот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи во врска со одлуката на Стејт департмент на САД да го постави на црната листа.


Груби вели дека целиот свој јавен живот го посветил на одбраната на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, поради што оваа одлука го засегала директно и лично.

„Секогаш посветено работев, ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“ вели Груби.

Тој додава дека танспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе биле главниот столб на секоја негова акција.

Груби беше ставен на црната листа заедно со судијата од Апелациониот суд, Енвер Беџети поради корупција во врска со судски случај поврзан со Сашо Мијалков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK