Грковска им посака успех во секојдневната работа на новиот состав на ДКСК

Грковска-им-посака-успех-во-секојдневната-работа-на-новиот-состав.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска,  ја одржа првата работна средба со членовите на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Упатувајќи честитки за изборот, вицепремиерката Грковска им посака успех во секојдневната работа и во исполнувањето на значајната мисија на Комисијата во воспоставувањето ефикасен систем за превенција и спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, изрази увереност дека претстои успешна соработка со Кабинетот за политики за добро владеење, имајќи предвид дека сите органи вклучени во системот за борба со корупцијата споделуваат заедничка цел. Димитровска истакна дека претстојните избори се првиот предизвик за Комисијата, која е обврзана да го следи целиот изборен процес и да презема мерки во случаите кога постои сомнеж за прекршување на законите. Во таа насока, таа ја посочи потребата од дефинирање санкции во одредбите во Изборниот законик со кои се регулирани забраните, за да се овозможи реализација на тие законски одредби.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека е неопходно да се засили соработката помеѓу ДКСК и Јавното обвинителство за да се надминат проблемите, особено во однос на лоцирање на причините зошто не е процесуирана ниту една од 56-те пријави на Комисијата. Грковска информираше за досегашните активности на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, каде се отвораат сите прашања кои се од интересекциски карактер, со цел да се забрзаат и унапредат процесите и исполнувањето на поединечните обврски предвидени со Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK