Граѓаните да внимаваат: измамници од име на МВР и ЕВРОПОЛ праќаат лажни покани

Малолетници-монтирале-и-споделувале-фотографии-од-нивни-соученички-oбвинителството-поведе.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани и фирми, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.


Се апелира до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK