Градоначалникот на Битола пред новогодишната ноќ во посета на противпожарната единица, итната служба и полицијата

2-12-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес посети повеќе институции во општината, со цел да ја согледа подготвеноста и екипираноста пред дочекот на Новата година и претстојните празници.


Од службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица – Битола и СВР Битола, го информираа градоначалникот дека, како служби со 24 часовно работно време и во пресрет на празнувањата, остануваат максимално ангажирани и екипирани за да излезат во пресрет на потребите и барањата на граѓаните.

Сепак, апелираат да не се конзумираат големи количества алкохол, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се користат пиротхнички средства, се во интерес на безбедноста на граѓаните и празниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK