Градежниците се незадоволни од тоа како е дефиниран тендерот за реконструкција на Универзална сала

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 14 април завршува огласот за јавна набавка за реконструкција на Универзалната сала во Скопје проценета на 13 милиони евра. Градежни компании реагираат на начинот на кој е дефиниран тендерот и се сомневаат на фаворизирање на една компанија. За нив некои од условите пропишани за овој тендер во најмала рака се „чудни“.

Во огласот за јавна набавка за избор на субјект за управител на градба за довршување на реконструкција со надградба и доградба на објект Универзална сала во Скопје-фаза кров и фасада се бара компаниите да имаат минимален приход од 20 милиони евра (без ДДВ) годишно, во последните три години (2020, 2021 и 2022 година). Исто така се бара на овој тендер право за пријавување да имаат само компаниите кои имале минимум три договори за вршење на градежно-занаетчиски работи на објекти склучени во последните пет години, од кои најмалку еден успешно извршен договор за објект од областа на културата со вредност од помалку од 20.000.000 евра со ДДВ.



За неколку градежни компании со кои се консултиравме само овие два услови се ограничувачки и во голем дел, македонските градежни фирми нема да можат самостојно да ги исполнат овие барања, ако немаат меѓународни партнери.

Освен овие високи услови за финансиската кондиција на компаниите, на другата страна, се бара фирмите да имаат вработено најмалку еден градежен инженер со минимум Б лиценца, еден архитект со минимум Б лиценца, еден електроинженер со минимум Б лиценца и  еден машински инженер, исто така со минимум Б лиценца. Во градежниот бизнис Б-лиценцата се смета за низок степен на стручност.

Градежните компании не се задоволни и во однос на роковите поставени во овој тендер на Министерството за култура. За градежниците рокот од 30 дена за еден ваков тендер е краток затоа што е недоволно време за увид на сите потребни работи. Во тендерот е предвидена посета на локацијата со тендерски услови, но рокот треба минимум да биде 30 дена од датумот на посета на локацијата, а не од денот на објавување на тендерот.

Продолжете со читање на мкд.мк

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK