Град Скопје за приватните превозници: Личните и партиските интереси се тактика на мнозинството во Советот предводен од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ а цената ја плаќаат граѓаните

318288758_1513629612395585_5770693369473523960_n-800x534.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По вчерашната прес-конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје, соопштија од Град Скопје.


„Приватните превозници редуцирано сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за која може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје. Тие имаат доставено барање до претседателот на Советот на град Скопје Трајко Славевски пред неколку месеци, кое според Деловникот за работа на Советот на град Скопје требаше да биде ставено на разгледување пред советниците во Советот веднаш без одлагање. За жал, тактиката на мнозинството во Советот да се креира незадоволство и предизвика хаос за граѓаните на градот Скопје, преку спречување набавка на нови еколошки автобуси и обидот за девастирање на јавниот превоз со неисплаќање на долгот кон ЈСП од 8 милиони евра кој го има Владата за превоз на студентите и студентскиот стандард“, нагласуваат од градот.

Апелираат до Трајко Славевски како претседател на Советот на град Скопје уште веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK