Град Скопје објави конкурс за најубаво украсени двор и тераса


599497821_1397980198621932_7930696070211469736_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Град Скопје објави конкурс за најубаво украсени тераса и двор за новогодишните празници. Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, а Град Скопје ќе обезбеди соодветни награди за најуспешните учесници во сите категории.


„Со манифестацијата „Украсуваме по скопски“ ги мотивираме и поттикнуваме скопјани да ги украсат своите домови и да придонесат кон создавањето празнична атмосфера низ целиот наш град. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат и да се натпреваруваат за најкреативно и највпечатливо новогодишно украсување, може да се пријават на телефонскиот број: 3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот до 23 декември 2025 година. Фотографиите од украсените домови или дворови, заедно со податоците за сопственикот, контакт-телефон и адреса, може да се испраќаат и на e-адресата: [email protected] или по пошта, на адреса: bул. Илинден бр. 82, со назнака за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Град Скопје и годинава ќе ги избере најдобрите во следните категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан и најубави раскази од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на крајот од декември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK