Град Скопје најави дека до крајот на оваа недела ќе отпочне со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија под негова надлежност.
-Справувањето со корупцијата и непотизмот во јавните претпријатија е едно од основните предизборни ветувања на градоначалничката Данела Арсовска. Резултатите од спроведената ревизија ќе бидат објавени јавно, а доколку бидат констатирани и неправилности при работењето на раководните лица во претпријатијата, за нив ќе бидат известени и соодветните надлежни институции.
Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување, , освен директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски, скопската градоначалничка го разреши и директорот н ЈП „Дрисла“, Александар Кузинаков.