Град Скопје: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата кои се под надлежност на Град Скпје

grad-skopje-f-620x330.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градот Скопје сака да ги извести вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје дека уште на 27.08.2024 година (вторник) е пуштен налог за исплата на додаток на плата – регрес за годишен одмор.


„За да ги добијат овие средства за регрес за годишен одмор вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје, Министерството за образование и наука треба да ја одобри исплатата извршена од Град Скопје.

Не сакаме да прејудицираме дека се работи за политички мотивирана одлука со која директно се наштетува на вработените во образовните институции во градот Скопје, но не гледаме друго логично објаснување зошто се блокира оваа исплата од страна на МОН“, стои во соопштението на Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK