Град Скопје: Мицкоски да ги вразуми советниците за да се изгласа програмата за работа на „Комунална хигиена“

ДПМНЕ-остави-без-пари-1300-семејства-поради-хировите-на-Мицкоски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Град Скопје во соопштение истакна дека ја поздравува разумноста на премиерот Христијан Мицкоски за која се надеваат дека е искрена и во насока на деблокирање на процесите во Град Скопје.



Градот апелира Мицкоски да ги вразуми советниците во Советот на Град Скопје да не тераат инает и уште веднаш на следната седница да ја изгласаат програмата за работа на „Комуналма хигиена“, која седум месеци досега одбиваат да ја донесат.

„Првпат во градот Скопје по 30 години, ‘Комунална хигиена’ нема програма за ангажирање сезонски работници, кои се задолжени за одржување на градската хигиена и чистотата на градот, само поради инаетот на советниците од мнозинството“, велат од Град Скопје.

Апелираат Мицкоски да ги вразуми советниците да го изгласаат и планот за набавка на нови еколошки автобуси.

Апелираат до премиерот, и кога веќе освоил апсолутна власт, да ги деблокира претпријатијата, кои досега беа блокирани од членовите на управните одбори од неговата партија.

Доколку е потребно, Град Скопје е подготвен да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата со единствена цел – граѓаните на градот Скопје да добијат град каков што заедно градоначалничката Арсовска и премиерот Мицкоски ветија во 2021 година, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK