Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје на ул.Васко Карангелевски во изминатиот период има имплементирано повеќе мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како воведување зона на школо, вибро ленти и други мерки кои значително допринесуваат за намалување на брзината на возилата, велат од Град Скопје.
Како што појаснуваат, проектот за воведување на нови семафори на крстосницата помеѓу ул. Васко Карангелевски и ул. Ангел Димовски, од поодамна согласно ЗБСП е доставен до МВР Секторот за внатрешни работи Скопје и како што нагласуваат, веќе 4 пати за добивање на потребна согласност за негова имплементација, барање кое според Град Скопје, не се прифаќа од надлежните.
„Конкретно до Секторот за внатрешни работи ОСП за светлосни сигнали семафори на истата локација, е доставен проект четири пати, но за истиот СВР скопје се изјаснува негативно односно не дава согласност за поставување, при што од таа причина не може да биде имплементирано на терен.
Апелираме до В.Д градоначалникот на Аеродром да не тера политика и да си ги научи надлежностите, а за поставување семафоризација на ул. Васко Каранѓелески го упатуваме да ургира во СВР Скопје кој е под надлежност на Министерот за внатрешни работи од неговата партија ВМРО ДПМНЕ за конечно да се издаде потребната согласност од нивна страна“, се потенцира во соопштението од Град Скопје.