Големиот пожар во Мариово не покажува знаци на намалување. Огнената стихија зафати околу 1.600 хектари, додека периметарот на огнената линија изнесува 110 километри.
Според прилепскиот кризен штаб, на теренот се преку 200 професионалци, а дејствува само еден ер трактор, поради технички проблеми на вториот. Началникот на прилепскиот кризен штаб, Борче Јовчески, посочи дека будно се чуваат населените места, и силите главно се концентрирани на четири до пет критични локации.
Најмногу е опфатена нискостеблеста трева, растенија и деградирана шума и немаме во големи размери опфатено на квалитетен шумски појас.
Републичкиот кризен штаб за заштита и спасување донесе одлука командувањето и управувањето со оваа криза да ја врши Дирекцијата за заштита и спасување, но прилепскиот кризен штаб останува активен да ја следи и организира ситуацијата на теренот.